РакометРакомет - Суперлига

Металург стигна до прва сезонска радост, откако во Автокоманда славеше над Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Металург стигнаа до првата сезонска победа во плеј-офот, откако во Автокоманда со 36:23 беа убедливи над Еурофарм Пелистер 2.

Металург старуваше одлично имаше четири гола предност, а водството се зголеми до плус шест на полувреме кога резултатот беше 17:11.

Во второто полувреме Металург играше одлично и стигна до конечни 36:23 и победа од 13 гола разлика.

Најдобар кај металурзите беше Златко Хорват со девет гола, додека кај битолчани најдобри беа Павле Петровиќ и Павле Атанасијевиќ со по пет голови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!