РакометРакомет - Суперлига
Металург со одличен натпревар стигна до убедлива победа над Пролет

Ракометарите на Металург денес во Автокоманда одиграа одличен натпревар и стигнаа до голема победа над Пролет со 29:22, со што се враќа во сериозна трка за место кон Европската лига на ЕХФ.
Пролет беше конкурентен само во првиот дел од натпреварот, бидејќи во второто полувреме Металург се издигна и одигра одлични 30 минути и стигна до вториот триумф во плеј офот.
Златко Хорват со девет гола беше најдобриот стрелец на натпреварот, а три помалку имаше Мартин Серафимов. Кај Пролет по четири погодоци постигнаа Пецаковски и Палевски.