РакометРакомет - Суперлига
Металург се намачи со Бутел и го доби скопското дерби

Ракометарите на Металург запишаа победа над Бутел со 20:19 во рамки на Суперлигата. Изедначен и неизвесен натпревар до самиот финиш. Екипата од Автокоманда потешко од очекуваното дојде до три бодови.
Двете екипи играа изедначено уште од самиот старт на натпреварот. Бутел прв отвори и имаше два гола предност на стартот од натпреварот, но гостите веднаш вратија и успеаа да поведат, и на полувреме имаа предност од 10:11. Во вториот дел повторно изедначена игра, се играше гол за гол, а натпреварто беше решен во последните секунди.
Најефикасен на дербито кај Бутел беше Мирко Мајиќ кој имаше седум погодоци, додека Златко Хорват со шест голови беше најдобар кај Металург.