РакометРакомет - Суперлига

Металург се лизна во Битола, Еурофарм Пелистер 2 со голема победа и пред плеј-оф

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 дојдоа до важна и голема победа, откако во Битола му го нанесоа првиот пораз на Металург со 27:26 во групата Б на Суперлигата и со тоа се на некор до пласман во плеј-офот.

Гостите одлично го отворија натпреварот и имаа солидна предност од 1:6. Домаќините веднаш реагираа и започнаа со подобро игра, а најдобро одигра Талевски кој успеа да постигна четири гола во првито дел од натпреварот. Првото полувреме заврши со 13:14 за гостите.

Во вториот дел од средбата во Битола, Еурофарм Пелистер 2 отвори подобро и се играше гол за гол. Мотивот за победа кај домаќините беше голем и тие успеа да направат одлична серија која им донесе водство од 22:20. До крајот на натпреварот имаше голема неизвесност која им донесе голема победа на битолчани и прв пораз на екипата од Автокоманда.

Најдобри кај домаќините беа Стефан Талевски и Стефан Дрогришки со по 7 гола, додека кај Металург најдобар беше Хорват со осум и Шилегов со 4 гола.

Во следното коло битолчани ќе се соочат со Бутел, додека Металург ќе игра со Работнички.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!