РакометРакомет - Суперлига

Металург падна во Кавадарци, Тиквеш со шанси за плеј-оф

Ракометарите на Тиквеш дојдоа до голема победа на домашниот терен во Кавадарци, откако со 40:38 славеше над Металург и останува во игра за плеј-оф.

Двете екипи одиграа одличен натпревар кој беше решен во последните минути. Се играше гол за гол, водството се менуваше во текот на целата средба. На полувреме гостите од Автокоманда имаа предност од 19:20.

Во вториот дел домаќините влегоа помотивирано и дојдоа до предност од 26:23, а во последните две минути од мечот Металург израмни на 38:38. Последните секунди донесоа голема драма и возбуда која заврши со 40:38 за домаќинот.

Најдобар кај Тиквеш беше Смиљаниќ со девет гола, додека кај Металург најпрецизен беше Серафимов исто така со девет гола.

Тиквеш за да дојде до плеј-оф најпрво ќе треба да го победи Работнички, а потоа да се надева дека Прилеп ќе го победи Еурофарм Пелистер 2. Средбите ќе се играт во недела со почеток од 17:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!