РакометРакомет - Суперлига

Металург на македонски погон го среди Младост Богданци

Металург одигра одличен натпревар и со домашите играчи запиша убедлива победа од 37:26 над Младост од Богданци во Суперлигата на Македонија.

Екипата од Автокоманда важеше за голем фаворит на овој меч, а тоа беше оправрано со убедлива победа. Од самиот старт Металург одлично отвори и имаше предност во текот на цело прво полувреме кое заврши со 21:10. Во вториот дел немаше големи промени и сосема заслужено домаќинтите дојдоа до голема победа од 37:26.

Најдобар кај домаќините беше Петковски со шест гола, додека кај гостите од Богданци најдобар беше Михајловиќ со пет погодоци.

Металург го чека уште два натпревари кои треба да ги одигра до крајот на годината за да го комплетира регуларниот дел од Суперлигата. Клубот од Автокоманда ќе се соочи со Тиквеш во Кавадарци и со Бутел на домашен терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!