Европски ФудбалФудбал

Меси замина, Барса повеќе не го интересира: Агуеро има нов клуб!

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро се пресели од Манчестер Сити во Барселона првенствено за да може да игра заедно со неговиот долгогодишен пријател Лионел Меси, но кога стана јасно дека добитникот на шест „Златни топки“ ќе стане новиот играч на Пари Сен Жермен, Кун бара опција да го напушти клубот.

Фил Китромилидес, новинар кој тесно се занимава со Ла Лига, известува дека 33-годишниот стрелец од Буенос Аирес е заинтересиран да се пресели во еден од клубовите кои играат во МЛС во САД во зимскиот преоден рок.

Неговото доаѓање во Барса се сметаше првенствено за еден од начините на челниците на „сино-црвените“ да го убедат Меси да остане во неговиот матичен клуб.

По многу успешна деценија во дресот на „Граѓаните“, Агуеро одлучи да се пресели на „Камп Ноу“, моментално е надвор од тимот поради повреда, а останува да видиме дали ќе дебитира за Каталонците воопшто.

Неговото враќање на терените се очекува дури во ноември.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!