Европски ФудбалФудбал

Меси во составот на ПСЖ за вечерашниот натпревар, се очекува негово деби

Лео Меси е во составот на ПСЖ за вечерашниот натпревар на гостински терен против Ремс, објави во неделата парискиот клуб.

За 34-годишниот Меси, кој потпиша двегодишен договор со ПСЖ, со опција за продолжување на уште една година, откако му истече договорот со Барселона, ова треба да биде прв натпревар со новиот тим откако пристигна во Париз.

Аргентинецот нема играно од финалето на Копа Америка, во кое Аргентина славеше против Бразил на 10 јули.

Во тимот се францускиот напаѓач Килијан Мбапе и Бразилецот Нејмар.

ПСЖ има максимални девет бода по три одиграни кола и се наоѓа на врвот на табелата. Вечерашниот судир против Ремс започнува во 20:45 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!