Европски ФудбалФудбал

Меси незадоволен од Покетино, ПСЖ носи тренерски тандем – поранешните тренери на Арсенал и Реал!

Маурисио Покетино веќе неколку недели е на тенок мраз во Париз, а денеска пристигна информација која дополнително ги разбуди страстите.

Наводно, Лионел Меси и неговата дружина немаат доверба во тактичките замисли на Маурисио Покетино. Француските медиуми посочуваат и дека на играчите во соблекувалната не им се допаѓа начинот на кој Покетино се справува со одредени ситуации во меѓучовечките односи, дека нема доволно „силна рака“ да пресече за одредени работи, а тоа најмногу води до целосен раскол во големите тимови.

И извори блиски до клубот тврдат дека тој е премногу флексибилен и дека тоа има контраефект во „најтешката“ соблекувална на светот.

Веднаш потоа приказната продолжи, погодете – Зинедин Зидан, но тоа не е се, бидејќи се споменува и Арсен Венгер!

Се шпекулира дека Венгер има голема почит во клубот, дека би можел да биде од голема помош, но не и во тренерската функција, која би ја презел Зинедин Зидан.

Зидан исто така гледа позитивно на потенцијалната соработка со Венгер, па приказната за доаѓањето во ПСЖ повторно е актуелна.

И покрај сето ова, Покетино верува дека ја има довербата од соблекувалната.

„Се чувствувам добро и ја чувствувам поддршката од играчите и прилично сум смирен. Свесни сме за процесот во кој се наоѓаме, дека можеме да бидеме подобри во многу сегменти од играта. Но, го знаеме нашиот пат и крајната цел. По невремето доаѓа сонце и ќе можеме да уживаме“, изјави Покетино.

ПСЖ ќе заврши на второто место во групата во Лигата на шампионите, а големо прашање ќе биде дали Покетино ќе го дочека осминафиналето во февруари.

Интересно, Томас Тухел на ист начин си замина пред само една година, поради слабите резултати во Лига 1, што навистина звучи разочарувачки кога е во прашање управата на Париз.

Сега приказната е сосема слична – тренерот не може да контролира силна соблекувална, но невозможно е да се сменат играчите, има само еден тренер.

Парижаните се уште не научиле дека не е до тренерот, но изгледа веруваат дека Зидан е единствениот кој може да ги разбуди ѕвездите и да ги состави како целина и еден тим, достоен за името што го прави…

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!