Европски ФудбалФудбал

Меси не сака да потпише нов договор со Барселона се додека не се расчисти начинот на отплата на долговите

Лионел Меси веќе трет ден е слободен играч, откако му истече договорот со Барселона. Иако се очекува да се продолжи 21-годишната соработка, таа е заглавена поради правните перипетии.

Вчера веќе напишавме дека еден од проблемите е финансискиот фер-плеј, односно дека клубот мора да реши барем дел од своите огромни долгови бидејќи годишната плата на Меси го надминува целиот приход на Барселона ова лето.

„Марка“ ги објави деталите за понудата на Барселона и објасни зошто договорот сè уште не може да биде потпишан.

Шпанскиот весник пишува дека планот е Меси да остане во Барселона уште две години, по што ќе замине да ја заврши кариерата во американската МЛС, каде би ја надоместил намалената заработка во каталонскиот клуб. Сепак, не е јасно дали американскиот дел од договорот ќе се оданочува во САД или Шпанија.

Понатаму, Барселона сè уште му должи на Меси многу пари од договорите што не беше во можност да ги исплати во текот на пандемијата, а Меси сака да види конкретно како тие долгови се вградени во новиот договор.

Конечно, за Меси е важно каков тим ќе има Барселона следната сезона. Досега ги донесе Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Мемфис Депај и Емерсон, кои се големи засилување, но не и гаранција за напредок, односно борбата за сите трофеи, што е исклучително важно за Аргентинецот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!