ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Мерџани: Тежок беше натпреварот против Работнички, презадоволен сум бидејќи постигнав гол и го отворив резултатот

Струга Трим Љум со 2:1 триумфираше над Работнички во рамки на 3. коло од ПМФЛ и со тоа е лидер на табелата со максимални 9 бодови.
По натпреварот стрелецот на првиот гол за Струга, Зија Мерџани вели дека е презадоволен што токму тој со неговиот погодок го отворил резултатот и додава дека натпреварот со Работнички бил тежок.
“Мислам дека одигравме еден добар натпревар. И пред мечот кажав дека ќе биде тежок натпревар, бидејќи ја знаеме силата на Работнички, и така беше. Сепак, презедовме мерки и се боревме многу за да дојдеме до трите бода на наш терен. Што се однесува до постигнатиот гол, презадоволен сум бидејќи го отворив резултатот, како и да е се надевам дека ќе можеме да продолжиме вака како група и да одиме напред.”