Европски ФудбалФудбал
Мендеш ги води преговорите: Кристијано Роналдо е на чекор да се пресели во нов клуб ?

Странските медиуми пишуваат дека Жорж Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо, преговара со Пари Сен Жермен.
Роналдо и претходно беше мета на парижаните, но сега се наведува дека трансферот нема да зависи од Килијан Мбапе. Иако брзоногиот Французин останува во клубот, ПСЖ ќе се обиде да го ангажира Португалецот.
Спортскиот директор Леонардо бара начин да го растерети буџетот за да може да го донесе фудбалерот на Јувентус.
Тие ќе се обидат да го заменат Мауро Икарди со Роналдо, како и да се ослободат од Леандро Паредес, Идриса Гај, Андер Ерера, Пабло Сарабија. Покрај тоа, тие нема да ги откупат Моиз Кин и Алесандро Флоренци.