ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Меморијален фудбалски натпревар во чест на Симе Стојаноски – Вучјак

Во понеделник ќе се одржи Меморијален фудбалски натпревар во чест на фудбалската легенда Симе Стојаноски – Вучјак.
„Меморијалната средба ќе започне во 11:00 часот со запазување на здравствените протоколи и мерки за заштита од Ковид-19. Поканети се сите љубители на фудбалот и сите жители на с. Враништа“, се вели во соопштението од Иницијативниот одбор.
На натпреварот ќе настапи третолигашот ФК Македонија од Враништа против ветераните на ФК Македонија кои настапувале заедно со фудбалската легенда Симе Стојаноски.