ФудбалФутсал

Мемеди Хисен му донесе голема победа на СЕЕ Университи над Проект – Јосифово

Вечерва се одигра првиот натпревар од 7. коло од Втората футсал лига во Валандово, каде домаќинот Проект – Јосифово беше поразен со 7:10 од СЕЕ Университи.

Гостите од Тетово натпреварот одлично го започнаа и до 9. минута имаа големо водство од 0:3 со погодоците на Ферати Бесар и двата погодоци на Мемеди Хисен. Домаќинот веднаш постигна гол за 1:3, а стрелец беше Михајловски Валентин. СЕЕ Университи веднаш постигна два брзи гола и до 12. минута имаше водство од 1:5 со два нови погодоци на Мемеди Хисен. Пред крајот на првиот дел домаќинот со два гола на Митровски Давид намали на 3:5.

Во вториот дел младата екипа на Проект – Јосифово започна многу подобро и до 28. минута резултатот го сврте на 7:5, со погодоци на Делев Митко, Ивановски Антонио, Манчев Кирил и Михајловски Валентин. Последните десет минути од натпреварот гостите направија голем притисок кој вроди со плод, а херојот беше Мемеди Хисен кој постигна дури пет нови погодоци за конечните 7:10.

Во следното коло Проект – Јосифово ќе биде домаќин на Енхалон, додека СЕЕ Университи ќе биде слободен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!