ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Мега-дуелот во Тетово заврши без победник, Струга преку Тиквеш за осум од осум

На денешните три натпревари од 8. коло од Првата македонска фудбалска лига паднаа само четири погодоци.

Мега-дуелот во Тетово меѓу Шкендија и актуелниот шампион Шкупи заврши без победник, но и без погодоци (0:0). Двата ривали го поделија „пленот“ и на крај мораше да се задоволат со по еден освоен бод.

Ќатип Османи кој е повратник на клупата на Шкендија својата нова ера во тетовскиот прволигаш ја започна со реми.

Струга Трим Љум не знае за пораз во ПМФЛ, откако денес со 2:0 славеше над Тиквеш за осум од осум. Стружани и дефинитивно грабаат кон историска титула во домашното првенство.

Резултатот го отвори искусниот голгетер Бесарт Ибраими уште во 9. минута од мечот, додека пак Дарко Илиески во вториот дел од натпреварот ги постави конечните 2:0 со што трите бодови останаа во Струга.

Академија Пандев забележа нов пораз, откако денес на домашен терен со минимални 0:1 беше совладата од Македонија Ѓорче Петров. Стрелец на единствениот победнички погодок за „лавовите“ беше Кристијан Стојкоски. „Лавовите“ се вратија на победничкиот пат, додека пак кризата кај „пандевци“ се продлабочува на три натпревари без триумф.

Работнички брзо ја заборави „петардата“ од Шкупи, откако денес со минимални 1:0 славеше над прилепска Победа. Трите бодови беа повеќе од потребни за „романтичарите“ да се вратат во „живот“ и да се пробијат кон средишниот дел од табелата. Единствен стрелец на средбата беше Анес Рушевиќ.

Колото ќе биде комплетирано утре со мечот меѓу Скопје и Брегалница кој се игра во Автокоманда со почеток од 15 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!