Мега-дуел во Тетово, незгодниот Тиквеш гостува кај непоразениот лидер Струга Трим Љум

Мега-дуелот во Тетово, каде ќе се соочат Шкендија и Шкупи ќе биде дербито на 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во однос на организацијата после тензиите од последната средба, големите ривали најавуваат подобра организација за денешното големо соочување.
Шкендија на клупата го врати Ќатип Османи, додека пак Чаирчани го вратија Гоце Седлоски. Двете екипи силно ги посакуваат трите бодови бидејќи непоразениот лидер Струга Трим Љум им побегна на табелата и граба кон историска титула.
Стружани целат кон осум од осум на чело со искуниот напаѓач Бесарт Ибраими против незгодниот Тиквеш. Кавадрчани покрај езерото ќе пристигнат со голема поддршка и од верните „лозари“, па тоа ќе биде ветер во грб за соочување. Тиквеш нанажи две победи откако ги сруши шампионот Шкупи и Академија Пандев на домашен терен.
Академија Пандев на клупата го врати Александар Васоски, но во претходното коло „пандевци“ претрпеа пораз, па денес на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров силно ќе атакуваат на три бодови и враќање на победничките патеки. „Лавовите“ имаат лош старт на новата сезона, па во Струмица доаѓаат по трите бодови.
Работнички имаше катастрофален старт во новата сезона, тоа резултатира со оставка на Љупчo Марковски. Денес „романтичарите“ гледаат идеална шанса против Победа за враќање на победничките патеки и постепена стабилизација во играта.
Сите натпревари ќе започнат во ист термин со почеток во 15 часот.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот на „Железарница“ меѓу Скопје и штипска Брегалница.