ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Мечот меѓу Караорман и Октиси доби нов термин кој одговара и за двете екипи!

Викендот 3. коло од Третата лига – Југозапад наместо в недела ќе биде одиграно в сабота, ваквата промена доаѓа поради локалните избори. Проблем настана и со натпреварот меѓу Караорман и Октиси за што Спортска Мрежа извести во претходните денови.

Натпреварот кој првично требаше да се одигра в сабота, потоа петок, на крај беше закажан за в понеделник на што фудбаслкиот клуб Октиси преку соопштение кое беше пренесено преку Спортска Мрежа реагираше на терминот и најави дека нема да го одигра натпреварот.

Поради ваквите околности овој натпревар доби сосема нов термин односно за 27 октомври (среда). Инаку, за покрај овој натпревар на 27 октомври со почеток од 14:00 часот закажан е и натпреварот меѓу Сатеска и Преспа од 1. коло. Колку за потсетување, овој натпревар не беше одигран бидејќи првично беше пријавена екипата на Белица која во последен момент го откажа учеството за новата сезона, па на нејзино место учество пријави Сатеска.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!