ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Мечкаровски со последното судење во Тетово, Бартон во Струмица

Фудбалската федерација на Македонија денес ги делегираше судиите за 18. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Димитар Мечкаровски во Тетово меѓу Шкендија и Пелистер за последен пат ќе ја дели правдата со оглед на неговата годишна граница.

Јосип Бартон ќе го суди дуелот во Струмица меѓу Беласица и Вардар, Стојанче Трпчевски ќе суди меѓу Македонија ЃП и Ренова, додека главен арбитар на мечот меѓу Шкупи и Струга Трим Љум ќе биде Марјан Гоцевски.

Александар Грујоски ќе се најде на центарот на Националната Арена каде ќе се судрат Работнички и Борец, додека Јован Качевски ќе биде во Кратово каде ќе играт Силекс и Академија Пандев.

Сите натпревари во последното коло од есенскиот дел ќе стартуваат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!