Мбапе постигна џентлменски договор со Реал

Една од главните теми во светот на спортот е продолжувањето на кариерата на Килијан Мбапе. Медиумите во Франција и Шпанија пишуваат дека напаѓачот одбил да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен за на крајот на сезоната без проблем да потпише за Реал Мадрид со кој веќе е во преговори.
Сепак, преговорите во моментов се во застој, откриваат шпанските медиуми.
Причината е џентлменскиот договор меѓу двете страни поради пресметката во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Дури кога ќе се одиграат двата осминафинални натпревари меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, преговорите ќе продолжат.
Да потсетиме, повторената ждрепка за нокаут фазата од Лигата на шампионите ги поврза овие два клуба кои ќе играат на 15 февруари и 9 март, а Мбапе реши да одигра фер и да ги прекине преговорите за преселба од почит кон клубот и неговите навивачи.