Европски ФудбалФудбал

Мбапе одлучи: Не сака нов договор со ПСЖ

Младиот француски фудбалер Килијан Мбапе нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен ова лето, пренесува „Л’Екип“.

Како што се наведува, Мбапе ја известил управата на клубот дека сака да го напушти „Паркот на принцовите“ кога неговиот договор ќе истече на крајот на следната сезона.

Се додава дека 22-годишниот фудбалер нема да бара трансфер, туку ќе чека да стане слободен агент.

Во текот на целата сезона се зборуваше за потенцијално заминување на младиот Французин, се споменуваше дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Од друга страна, претседателот на францускиот гигант, Насер Ал Келаифи, упорно тврдеше дека клубот никогаш нема да го продаде Мбапе. Се чинеше дека е во право.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!