Европски ФудбалФудбал

Мбапе не сака да игра со Меси !?

Во Париз владее голема еуфорија. Со доаѓањето на Лионел Меси, Пари Сен Жермен формираше исклучително силен тим. Но, не изгледа дека сите се задоволни од најновата аквизиција.

Додека Нејмар со голем ентузијазам го поздрави доаѓањето на неговиот поранешен соиграч од Барселона, другата голема ѕвезда на Париз, Килијан Мбапе, наводно, не е задоволен од таквиот развој на настаните. Според познатиот француски новинар Тибо Везир, младиот напаѓач упатил барање до клубот да го пушти летово во Реал Мадрид, нагласувајќи дека не сака да игра со Лионел Меси. Ако не го пуштат, тогаш тој сепак ќе си замине следното лето кога ќе му истече договорот.

Преговорите помеѓу ПСЖ и Мбапе траеја долго во врска со продолжувањето на договорот, но не беше постигнат договор. Раководството на клубот од Париз се надеваше дека доаѓањето на Лионел Меси може да го натера Мбапе да се премисли, но се чини дека тоа доаѓање го имаше токму спротивниот ефект.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!