Европски ФудбалФудбал

Мбапе не го напушта Париз – барем не во јануари

Веќе подолго време се шпекулира за (јануари) трансфер на Французинот во Реал, но Мбапе тоа го демантираше.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе не сака да го напушти парискиот клуб во јануари и да се пресели во Реал Мадрид, објави „Си-Ен-Ен“.

„Апсолутно сум сигурен дека оваа сезона ќе ја завршам во мојот сегашен клуб. Ќе дадам се од себе за да ја освојам Лигата на шампионите, првенството и Купот. И да им донесам радост на навивачите, бидејќи тие тоа го заслужуваат“, изјави Мбапе за „Си-Ен-Ен“.

Договорот на 23-годишниот напаѓач со ПСЖ истекува во јуни 2022 година, а тој не ја криел можноста да ја промени средината по истекот на договорот.

Единствената конкретна понуда досега ја испрати Реал во висина од 188 милиони долари, но парижаните таа понуда ја оценија како недоволна.

„Не размислувам дали ќе играм за Реал следната сезона, единствено ми е важно ПСЖ да го победи Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите во февруари“, изјави Французинот.

„Среќен сум што останувам. Париз е мојот град. Јас сум Французин. Сакам да освојам се оваа сезона“, изјави Мбапе.

ПСЖ никогаш не ја освои Лигата на шампионите, а единственото финале го одиграа во 2020 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!