Европски ФудбалФудбал

Мбапе најавува трансфер, но не во Реал Мадрид!

Реал Мадрид силно го посакува Килијан Мбапе во своите редовите за следната сезона. Покрај Реал, многу големи европски гиганти го посакуваат Мбапе.

Сепак, иако многумина го исклучија Баерн од трката по потписот на Мбапе, на крај германскиот гигант би можел да го договори искусниот француски фудбалер.

Мбапе во изјава за медиумите не ја крие својата почит кон германскиот клуб, и истиот е воодушевен од шампионот на Германија.

Французинот истакна дека негов колега од националниот тим го поканил во Германија и дека во фудбалот никогаш не се знае.

Секако, изјавата за кратко време предизвика сериозна ерупција на славење кај навивачите на Баерн кои разбудија надеж за транфер на Мбапе во Баерн.

„Лукас Хернандез постојано ми зборуваше дека треба да дојдам во Баерн и да играм таму. Баерн без сомнение е еден од најдобрите пет клуба во светот. Тие заслужуваат само честитки за нивната работа во годините што стојат зад нас. Секоја година тие успеваат да го одржат квалитетот и со тоа да ни докажат дека знаат што прават.“

„Давид Алаба и Жером Боатенг го напуштија, но тие веднаш го доведоа Дајот Упамекан. Тие имаат јасен деловен концепт и тоа ги прави одличен клуб. Тие секогаш се фаворити за сите трофеи и мора да ги победите ако сакате да освоите трофеј. Во фудбалот, никогаш не знаете што може да се случи. Во моментов, среќен сум таму каде што сум“, рече Мбапе.

Зборовите на Французинот им ласкаат на сите во Баерн, а дали тој им испратил „сигнал“ останува да видиме.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!