Европски ФудбалФудбал

Мбапе има еден услов да остане во ПСЖ… „Светците“ го одбија!

Дали Килијан Мбапе ќе остане во Пари Сен Жермен ? Тој има договор до крајот на следната сезона, а потоа… Во овој момент, се чини дека ќе ги напушти „светците“ во јуни 2022 година.

За време на преговорите со челниците на клубот, одличниот напаѓач имаше само еден услов во клаузулата од договорот да стои дека може да направи трансфер ако друг клуб е силно заинтересиран, во случајот посебно за Реал Мадрид. Тоа беше одбиено!

„Килијан ќе остане во Париз. Никогаш нема да го продадеме, ниту пак ќе замине како слободен агент. Тој овде има се што сака, кој клуб има амбиции како нас ? Ова е неговата земја. Тој има мисија не само да игра фудбал, туку и да ги промовира француската лига, државата и Париз“ рече претседателот на францускиот клуб, Насер Ал-Хелаифи.

Желбата на ПСЖ е јасна, но после 30 јуни 2022 година, само Килијан Мбапе се прашува. Реал го чека…

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!