ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Мазари ја искина мрежата – Победа го торпедираше Братство, Беласица и Детонит со убедливи гостински победи

Прилепска Победа ја оправда фаворитската улога на „Гоце Делчев“ и со убедливи 1:4 славеше над Братство од Житоше. Атдхе Мазари постигна хет-трил, а еден погодк за Победа постигна и Филип Димоски. За екипата од Житоше погодои Ахмет Реџепи.

Беласица не дозволи изненадување и со 0:3 убедливо славеше во Кочани над Осогово. Александар Коцев во 2. минута го отвори резултатот, а по две минути игра Даниел Радојчиќ ја дуплираше предноста. Димитар Трајков во 82. минута погоди за конечни и убедливи 0:3. Осогово сега е на осмата позиција на табелата односно во зоната за директно испаѓање.

Слога 1934 со 2:1 го доби Пехчево и продолжува да го следи чекорот на лидерот од Прилеп. На Градскиот стадион во Виница новото засилување Кристијан Јордановски го отвори резултатот за водство на Слога 1934. На стартот од вториот дел Бошко Ступиќ погоди за 1:1 со што гостите се вратија во игра за трите бодови. Во 79. минута Бојан Иванов постигна погодок вреден три бодови за домаќините и ги постави конечните 2:1.

Детонит ја прегази Локомотива во Градско со 1:3 и запиша три златни бодови со што радовишани се пробија во зоната за бараж, односно ја напуштија опасната зона за директно испаѓање во Трета лига. Момците предводени од Илија Сасански покажаа дека имаат квалитет и успешно чекорат на патот кон директен опстанок. Тони Мирчевски во 29. минута го отвори резултатот за водство на Детонит од 0:1. На стартот на второто полувреме новото засилување Чичевски погоди за водство на радовишани од 0:2, а домашните преку Мартин Камчев намалија на 1:2. Во 80. минута Славчо Јанев ги постави конечните 1:3 со што ги обезбеди трите бодови за неговата екипа.

Дарко Алексовски е херојот на Каменица Саса кој постигна златен погодок во 93. минута со што Саса минимално славеше над Кожуф (1:0) и продолжува да го напаѓа врвот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!