ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Мацески: Сите во ФК Македонија сме како една фамилија, се надевам дека ќе има корекција со ваучерите, дојде многу тешко време за третолигашите

Третолигашот Македонија од Враништа е еден од најстабилните третолигаши, клуб кој во далечната сезона 2001/2002 се натпреваруваше во Втората македонска фудбалска лига – најголем историски успех на клубот.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Спортска Мрежа разговараше со секретарот на клубот Даниел Мацески каде отворивме неколку интересни прашања во врска со ФК Македонија околу организираноста на клубот, финансирањето, успешните проекти на клубот, ваучерите, моменталната ситуација со третолигашите во Македонија, тековната сезона, идните планови на клубот…

СМ: ФК Македонија Враништа е стабилен третолигаш долги години во Третата лига – Југозапад и секогаш во врвот од табелата, клубот најголемиот успех го постигнал со влезот во Втората македонска фудбалска лига во далечната сезона 2001-2002. На почеток од разговорот може ли ФК Македонија да ја видиме пак во Втора лига која од следната сезона ќе биде единствена ?

„Најпрво голем поздрав до цел тим на Спортска Мрежа. Секоја чест дечки на работата што ја
правите затоа што сте единствен портал во Македонија кој известува за сите трети лиги низ
Македонија. Без вас многу екипи низ државата немаше да ги знаеме и да слушнеме за нив, а
сите заслужуваме каков таков респект затоа што се бориме за доброто на фудбалот“,
вака секретарот на ФК Македонија, Даниел Мацески го започна разговорот со Спортска Мрежа и додава:

„Да, точно така 2001 година ни беше најуспешната и историска кога се натпреварувавме
во Втора лига. Па кога сме кај тоа со ФК Македонија никогаш не се знае. Па зошто и да
не влеземе кога би ни се укажала шанса за тоа, секако доколку би имале финансии.“

СМ: Да се вратиме од почеток. Каква е организираноста во клубот ? Како клубот успева да опстојува долги години односно повеќе од 80 години ? Направивте неколку успешни проекти како реконструкција на инфраструктурата во клубот – како што е целосна рекострукција на соблекувалните, дали ќе има и некои слични вакви проекти во клубот во иднина ? Од каде мотивот и желбата за работа ? Дали имате поддршка ?

„Организираноста во клубот во овие четири години е секогаш затоа што сите сме како една фамилија и секој помага во секоја зададена задача кога се работи за доброто на клубот
без разлика на управа или играчи. За клубот секако да опстојува 80 години најзаслужно
е селото кое отсекогаш стои зад клубот и секогаш го помага кога му е најтешко, како и
во овој момент кој не снајде баш во овој период. Кога сме кај проектите зад тој
успешен проект со реконструкцијата на целата соблекувална исто така беше направена
со помош на селото и нашите другари од нашето село кои се во странство. Следна цел
ни е реконструкција на тревната подлога која не е во најдобри услови за игра, и еве
преку ова упатувам јавен повик до ФФМ и АМС да ни излезат во пресрет и да ни
помогнат за нив не е голема работа израмнување на теренот. Мотивот и желбата за
работа е љубовта кон клубот која од мали нозе на секое дете е врежан во срцето па
од тука јас и сите околу мене пораснавме со ФК Македонија и гледавме како нашите
дедовци, татковци, фамилии и сите се борат за боите на овој клуб да биде респектиран
секогаш и секаде, па така ни остана и она нивното Вранишкото како што го викаме ние
тука да продолжиме да се бориме и да не го оставаме овој клуб да згасне и да го
оставиме на нашите помали генерации да го водат дај Боже до уште поголеми успеси.
Поддршка имаме и тоа голема и без неа не би биле она што го постигнавме денес,
секој ден добиваме поддршка од сите страни дури и ги има и оние кои не не познааат
и ни дааат секојдневна поддршка во инбокс да продолжиме со исто темпо на работа и
да не се откажуваме, па тоа и ни е најголем мотив што луѓето имаат доверба во нас“,
раскажува секретарот на ФК Македонија.

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЈА РАБОТИ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ГЛАСАJTE ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

СМ: Околу финансискиот дел, како ФК Македонија се финансира и во каква финансиска кондиција е клубот ? Дали има интерес од правни и физички лица за донации односно финансиска помош за клубот ?

„Па финансиите во нашиот клуб отсекогаш биле од нашето село како што кажав
најголемите донатори ни се нашинците од Швајцарија, Америка, Австралија,
Германија, Италија, Хрватска, кои секогаш нè помагаат, како парично така и со опрема и
други работи кои се потребни. Исто така и месното население на с. Враништа кое
секогаш помага финансиски кој колку може, тука се и домашните фирми во селото кои
исто така секогаш ни помагаат никогаш никој не не вратил“,
ни вели Мацески.

СМ: Последно и доста актуелно е доделувањето на ваучерите кој е вашиот став ?

„Во врска со доделувањето на ваучерите се надеваме дека е направена некоја грешка
со бодовањето која очекуваме да биде исправена од страна на ФФМ не само кај нас и
кај многу други екипи од Трета лига затоа што и онака екипите од третите лиги одвај
врзуваат крај со крај па многу клубови ќе згаснат“,
вели Мацески за Спортска Мрежа.

Екипата на ФК Македонија

СМ: Како гледате на тековната сезона ?

„Како што нагласив многу тешко време дојде за третолигашите котизациите се
големи згора над тоа сега и тестови и други трошоци, а од друга страна никаква помош
од државата па ништо чудно и уште некоја екипа да се откаже од натпреварувањата“
, рече Мацески.

СМ: Кои се амбициите за тековната сезона ?

„Нашите амбиции се секогаш кон врвот без разлика на се против секоја екипа одиме на
победа и секогаш ќе го напаѓаме врвот. Добра опција би било и второто место доколку
успееме ќе биде добар успех за нас па потоа што биде нека биде.“

СМ: Каков е интересот на децата да бидат дел од ФК Македонија ?

„ФК Македонија исто така има и школа во која има околу 40 деца до 12 години сите од
нашето село. Интересот на децата е доста голем се надеваме и така ќе продолжат и
другите генерации па им посакуваме само успеси.“

СМ: Што се подготвува во ФК Македонија се следниот период ?

„Не можам да кажам каде се гледаме за 5 години меѓутоа ќе ви кажам дека ФК
Македонија тука не застанува ќе се бориме за уште поголеми успеси и проекти на
нашиот стадион за подобри услови на помладите затоа што ФК Македонија од секогаш
била извор на фудбалери кои ги има низ сите лиги во Македонија но и надвор како и
претходните фудбалери кои ги бранеле боите на националниот дрес“,
завршува Мацески во разговорот со Спортска Мрежа.

Есенската полусезона ФК Македонија го заврши на третото место со 22 освоени бодови, четири помалку од второпласираниот Црно Буки и 12 помалку во однос на непоразениот лидер Караорман.

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЈА РАБОТИ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ГЛАСАJTE ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!