ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Мартинага си оди од Академија Пандев, Славен Белупо го враќа назад ?

Академија Пандев остана без хрватскиот лев бек Марко Мартинага, кој според хрватските медиуми се враќа во татковината.

Според медиумите од Хрватска, 24-годишникот е пред враќање во екипата на Славен Белупо, која веќе ги започна летните подготовки.

Мартинага во Струмица пристигна од Вардар во пакет со тренерот Александар Васовски, а во својата кариера во Македонија има настапувано за Вардар, потоа за Копер и Декани од Словенија, како и за хрватските екипи на Вараждин и Копривница.

Хрватот во дресот на Академија Пандев помина 2255 минути, постигнувајќи еден погодок против Ренова, а забележа две асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!