Европски ФудбалФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Мартин Талаков ја засили Подбрезова од Словачка

Играчот на Академија Пандев, Мартин Талаков од следната сезона ќе го носи дресот на Подбрезова од Словачка. 18-годишниот играч за врска потекнува од школата на Академија Паднев.

„Среќни сме и горди што реализиравме уште еден трансфер на фудбалер произлезен од нашата школа Мартин Талаков. Заедно со играчот одлуката беше да се прифати понудата на ФК Подбрезова од Словачка и да биде пропратна станица за идни поголеми трансфери во неговата кариера. Мартин ти посакуваме многу успех и радости во новиот клуб“, велат од Академија Пандев.

Академија Пандев продолжува да биде расадник на таленти кои подоцна своите кариера ќе ги продолжат во клубови во Европа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!