Европски ФудбалФудбал
Марсијал му ја соопштил одлуката на Рангник – си заминувам

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал сака да го напушти клубот од „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок.
26-годишниот француски репрезентативец го известил менаџерот Ралф Рангник за својата одлука.
„Антони сака да замине. Тој призна дека верува дека е дојдено време за промена“, изјави Рангник, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.
Германскиот тренер напомена дека се уште не знае оти клубот добил официјални понуди за Марсијал.
Французинот во англискиот клуб дојде од Монако во 2015 година, а оваа сезона одигра десет натпревари со еден постигнат гол.
Трансфермаркт проценува дека неговата пазарна вредност е 31,5 милиони фунти.