Европски ФудбалФудбал

Марсело знае каде ја продолжува кариерата

Марсело по 13 години ќе го напушти Реал Мадрид, а медиумите од неговата татковина пренесуваат дека тој веќе го договорил следниот ангажман.

Договорот на дефанзивецот со „кралскиот клуб“ истекува на лето, а бидејќи повеќе од две години е во опаѓачка форма, нема да му биде понудена продолжување на соработката, за што е свесен, па се насочил кон други опции.

Бразилските медиуми пренесуваат дека Марсело веќе се договорил за соработка со Флуминенсе, клубот во кој израснал.

Покрај него, Реал нема да ги продолжи договорите со Бејл и Иско.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!