Европски ФудбалФудбал
Марсело го купи клубот во Португалија

Легендарниот бразилски фудбалер Марсело Виеира направи одличен деловен потег.
Имено, левиот бек на Реал Мадрид реши да го купи португалскиот второлигаш Мафра. Мафра е тим од истоимениот град во близина на Лисабон и е стабилен второлигаш.
Да потсетиме, Марсело веќе поседува еден клуб, а тоа е бразилскиот нисколигаш Азуриз, кој е основан дури во 2018 година и се фокусираше на младинските капацитети.
Португалските медиуми пренесуваат дека се очекува во следниот период да се реализира некаква соработка меѓу овие два клуба.