ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Маркоски на центарот во Кратово, Ставрев ќе им суди на Македонија ЃП и Струга Трим Лум

Делегирани судиите за 29. коло од Првата лига кои ќе се одигра викендот. Марјан Маркоски од Охрид ќе ја дели правдата меѓу Силекс и Академија Пандев во Кратово во воведниот натпревар кој се игра во сабота. Во недела се игра скопското дерби меѓу Шкупи и Работнички кое му припадна на Александар Грујоски од Кичево, додека во Ѓорче ќе се соочат Македонија ЃП и Струга Трим Лум, а главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје.

Константин Влахо ќе суди на дуелот меѓу Шкендија и Борец, дербито од дното на табелата меѓу Беласица и Вардар му припадна на Јован Качевски од Струга. Во Битола ќе се соочат Пелистер и Ренова во битката за опстанок, а овој дуел ќе го суди Игор Стојчевски од Скопје.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!