ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Марко Мартинага најново засилување за Академија Пандев

Марко Мартинага е најново засилување за Академија Пандев. Младиот 22-годишен хрватски интернационалец е нов играч на Академија Пандев и ја продолжува соработката со тренерот Васоски и во новиот клуб.

Мартинага игра на позицијата лев бек и досега во кариерата има настапувано за екипите на Вардар, Славен Белупо, Вараждин, Декани, Копривница.

Претходно, Академија Пандев се засили со централниот дефанзивец Коста Манев, голманот Марко Јовановски, офанзивното крило Николче Шаркоски, како и со 21-годишниот централен дефанзивец Игор Паноски.

Академија Пандев ги започна подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига. До 20 јануари екипата ќе се подготвува во Струмица, потоа ќе замина во Анталија, Турција каде ќе остане 14 дена и ќе одигра неколку пријателски натпревари, и на крај повторно подготовки во Струмица.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!