ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Марко Маринковиќ- прво странско засилување на Силекс

Повратникот во Прва лига, Силекс започна со странски засилувања, откако српскиот фудбалер Марко Маринковиќ беше промовиран како прво странско засилување во Кратово.

28-годишниот стопер доаѓа како замена за Стојан Стојчевски, кој замина во Гостивар.

Маринковиќ во Кратово доаѓа од редовите на српскиот тим Добановци Будуќност, а во својата кариера има настапувано и за екипите на Нови Пазар, Напредак, Борац од Чачак, БСК Борча, Синѓелиќ, Смедерево, младинскиот тим на Црвена Звезда, додека пак во странство беше дел од словачкиот тим Спартак Трнава, како и босанскиот тим Слобода Тузла, па доаѓањето во Кратово за него ќе биде трет трансфер во странство.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!