Европски ФудбалФудбал

Марка: Герет Бејл ја завршува кариерата по ЕП!

Велшкиот фудбалер Герет Бејл ќе ја заврши кариерата по Европското првенство, ексклузивно објави шпанскиот весник „Марка“.

Како што пишува „Марка“, Бејл нема намера да игра за Реал и покрај тоа што е миленик на новиот тренер Карло Анчелоти.

Велшкиот репрезентативец треба да се врати од позајмица од Тотенхем во Реал по завршувањето на ЕП, со кого има договор на уште една година, но тој е подготвен да се откаже од 22 милиони евра за да ја заврши кариерата и да се посвети до играње голф.

Бејл во јули ќе наполни 32 години, а сепак би можел да игра, но тоа не го сака. Според „Марка“, тој сака само да игра во средина каде што е среќен, а во моментов тоа е само репрезентацијата на Велс со која ќе игра на претстојното ЕП.

Велс е во група со Италија, Швајцарија и Турција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!