Марјан Секуловски нов тренер на Пелистер, Едгар Али Натрант прво засилување

Новата управа на битолскиот прволигаш Пелистер го назначи Марјан Секуловски за нов тренер. Ова значи и враќање на Секуловски во Пелистер кој ќе го наследи Димитар Капиновски кој си поднесе оставка во ноември и го презеде кормилото на прилепска Победа.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<
Секуловски во Пелистер се враќа од тренерското столче во Брегалница, каде со штипските „сини“ имаше одлична сезона и есенската полусезона ја заврши на високото четврто место, но поради приватни причини си замина од Штип.
Во својата кариера покрај за Брегалница, Секуловски во два наврати беше тренер на Пелистер, како и на Новаци, 11 Октомври, Силекс и Македонија Ѓорче Петров на домашната сцена, а пак на меѓународната ги водеше Ајејавади Јунајтед, Јангон Јунајтед и Шан Јунајтед во Мјанмар и Мазија С&РЦ во Малдивите.
>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<
48-годишниот тренер ќе има за задача да обезбеди опстанок со Пелистер во Првата македонска фудбалска лига, а за таа цел новата управа денес го промовираше сенегалскиот дефанзивец Едгар Али Натрант, а овој 21-годишен фудбалер во Битола доаѓа на позајмица од Шкупи.
Пелистер презими со само пет бодови на дното од табелата и го очекува многу тешка борба за опстанок, но во Купот остана во завршицата заедно со Силекс, Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров.