ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Марио Младеновски се враќа во ПМФЛ, ќе биде ново засилување за Шкупи

Повремениот македонски репрезентативец, Марио Младеновски се враќа во Првата македонска фудбалска лига, откако денес 21-годишниот дефанзивец беше промовиран како ново засилување во редовите на актуелниот шампион Шкупи.

Младиот стопер ја прифати понудата на Шкупи и денес стави потпис на договорот со клубот од Чаир. Младеновски бележеше одлични настапи во дресот на Вардар, по што замина во Фремад (Данска) и Ботев Пловдив (Бугарија), минатата сезона ја мина на позајмица во Македонија ЃП, екипа со која го освои Купот на Македонија.

Веќе утре, во одложениот натпревар од 1. коло Шкупи ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!