ФудбалФудбал - Четврта Лига

Марино со млада екипа атакува на влез во Трета лига – Север (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Марино којшто се натпреварува во ОФЛ Гази Баба за тековната сезона влегува со амбиции за пласман во Третата лига – Север, како и да изгради стабилна млада екипа која ќе биде конкурентна.

Клубот има прилично солидна млада екипа, со која се надева дека ќе остави добар впечаток на фудбалскиот терен, и да се избори за Трета лига – Север, што е прва цел на клубот. Марино има одлични услови за тренинг, а атмосферата во клубот исто така е одлична.

Тренинг на екипата на Марино

Иако борбата за прво место во ОФЛ Гази Баба ќе биде тешка, бидејќи има силни екипи со амбиции за повисок ранг, од раководството на Марино сметаат дека со добра игра ќе може да одговорат на пролетните предизвици и да поминат многу полесно.

Фудбалски терен на Марино

Клубот подготовките ги започна пред околу еден месец, а веќе се договорени и неколку пријателски натпревари со цел да се провери формата на екипата пред стартот на сезоната кој е закажан за средината од месец март.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!