Европски ФудбалФудбал

Марек Хамшик повторно има нов клуб, ќе заработува неколку милиони

Најдобриот словачки фудбалер Марек Хамшик не остана долго во Шведска. Хамшик го носеше дресот на Гетеборг, но по само три месеци и шест одиграни натпревари ќе ја напушти Шведска.

Според странските медиуми, 33-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Турција, како нов играч на Трабзонспор, кој подготви двегодишен договор и плата од три милиони евра по сезона.

Како што пишуваат медиумите во Турицја, Хамшик ќе биде еден од најдобро платените играчи во Турција.

Тој ќе пристигне во Трабзонспор како слободен агент.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!