ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Манов го носи Осогово кон Втора лига, високи победи за Овче Поле и Тиверија

Денес беа одиграни натпреварите од 3. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Тиверија забележа уште една висока победа откако на домашен терен ја декласираше Победа од Валандово сп убедливи 5:1. Димче Митров беше двоен стрелец за струмичани, а по еден гол постигнаа Ване Новков, Васко Трајков и Александар Марков. За гостите единствен стрелец беше Стојан Наков.

Актуелниот шампион Овче Поле со убедливи 6:2 ја декласираше Брегалница од Делчево на домашен терен. Дарко Нацев постигна хет-трик за шампионот, а по еден гол постогнаа Марио Панев, Јорданчо Трендафилов и Горјан Андроников. За гостите од Делчево стрелаа Антон Ратков и Валери Стаменовски.

Рудар со двата погодоци на Марио Атанасовски славеше над Академија Чешиново-Облешево со 2:0 на домашен терен.

Карбинци за првпат се израдува во новата сезона, откако на домашен терен со 3:0 славеше убедливо над Спартмани. Стрелци за Карбинци беа Константин Коцев и Филип Серафимов, а пак Александар Митров си постигна автогол.

Малеш со 0:2 славеше на гостувањето во Богданци кај Вардарски. Стрелци за гостите од Берово беа Виктор Андреевски и Ерол Пилов.

Ланскиот второлигаш Осогово со 8:1 го распадна Дојранско Езеро на домашен терен. Капитенот на “жетварите” Тоше Манов постигна седум погодоци, а еден гол беше дело на Никола Стоиловски. За гостите од Дојран единствен стрелец за Петар Илиев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!