ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Маневски во новиот дрес: Шкендија е најдобриот тим во Македонија!

Актуелниот шампион Шкендија го претстави првото зимско засилување.

Младиот лев бек Михаил Маневски денес позираше со дресот на Шкендија и потпиша договор на една и пол година со клубот од Тетово со можност на продолжување на соработката на нови две години.

Поранешниот фудбалер на штипска Брегалница не го криеше задоволството за овој трансфер, со кој посакува многу победи и трофеи во периодот кој следува.

„Со задоволство го чекав моментот на потпишување на договорот со Шкендија. Моја желба и инсистирање беше да бидам дел од овој клуб, бидејќи Шкендија секоја година доминира во првенството на Македонија. Тоа е најдобриот тим во нашата земја во последната деценија и затоа ќе биде голем предизвик за мене да бидам дел од овој тим. Шкендија создава нов тим кој сака да биде конкурентен и да постигнува успеси во европските натпреварувања и затоа сум им благодарен на сите што ми ја дадоа оваа можност. Јас сум играч кој секогаш дава максимум и верувам дека со добри игри ќе го оправдам ангажманот во шампионот“, изјави Маневски.

За овој трансфер Шкендија ѝ плати соодветно обештетување на Брегалница.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!