ФудбалФудбал - Прва женска лига

Мандаров: ЖФК Скопје ќе се бори до крај за шампионска титула, ќе имаме млади играчи во составот, од јуни со нови сили и амбиции!

Женскиот фудбалски клуб Скопје полусезоната во Првата женска фудбалска лига ја заврши на делба на третото место со 34 бодови, 5 помалку од лидерот и есенски шампион Каменица Саса. Спортска Мрежа направи интервју со шефот на стручниот штаб на ЖФК Скопје, Илија Мандаров со кого разговаравме за постигнатите резултати во есенскиот дел, за пролетните предизвици и околу костурот на екипата.

ЖФК Скопје одигра одлична есен и заврши на делба на третото место со 34 освоени бодови и со големи шанси за шампионска титула. Како го коментирате есенскиот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига ? Кои беа вашите очекувања и дали сте задоволни од прикажаната игра на екипата и од постигнатите резултати ? Дали можеше подобро ?

„ЖФК Скопје точно одигра добра полусезона и покрај големиот одлив на играчи кој од финансиски аспкет кој од неможност да влезат во професионален терк, односно секојдневни тренинзи, без паузи и играчи кои без мака сакаат да заработуваат пари… полусезоната ја сметам за успешна и задоволителна. Ќе биде подобро за нас ако немавме некој пех на тие три натпревар кој не однесоа на третото место. Првиот пораз во првото коло со Тиверија, не бевме консулидирани и не бевме доволно спремни, а и не знаевме со кои играчи ќе играме, на којшто натпревар Тиверија не’ надигра и покажа дека е одлична екипа. Вториот пораз е од Каменица Саса, сомнителен од наши три играчи кои го продадоа своето его и своето име, зачинето со помош на главниот судија, но пораз е пораз, дали не продале, наместиле или понижиле, требаше да имаме гордост и да вратиме, третиот натпревар беше дерби кое имаше карактер на тврд натпревар кој заврши без голови, а имавме премногу шанси, но тука пак треба да си бараме проблем во нашите редови, кој за кого не сакаше да даде гол“, вели Мандаров.

Афродита Салихи замина во Шкендија, дали ќе има други фудбалерки кои што ќе ја напуштат вашата екипа или констурот на екипата ќе биде сочуван ?

„Констурот нема да биде сочуван, бидејќи сакам и ценам заемната почит да биде еднаква, а и доста млади девојки кои се наметуваат од младинскиот тим, така да треба да им се даде 90 минутна шанса. Со Салихи сме во одлични односи и не напушти од морални приватни обрски. Елма Шемсовиќ не напушти, но имаме коректен однос, клубот го напушти и Теодора Ѓорѓиевска по нејзина одлука да помогне на клубот од кој дојде, го ценам тоа и во ред е. Сара Коларовска тука ќе биде комплицирано, нема да биде во нашата екипа, но поради не исполнување на клубскиот кодекс е санкционирана“, изјави тренерот на ЖФК Скопје.

Дали размислувате за засилувања и на кои позиции би се засилила Вашата екипа ? Дали имате разговори со некои конкретни имиња и дали може за брзо време да очекуваме трансфер во ЖФК Скопје ?

„Не размислуваме за засилуавње. Можно е три девојки млади до 18 години, од кои едната е веќе со нас и е перфектен играч и очекувам потврда за ден два и од другите две, а од јуни месец нова слика и нова амбиција“, ни изјави Мандаров.

Во пролетниот дел од сезоната пет екипи влегуваат во трка за шампионската титула. Кои се вашите очекувања и цели, како го коментирате пролетниот дел од сезоната ?

„Да не ми се случеше тоа што ми се случи, да не ме продадоа играчите сигурно ќе бевме први, инаку очекуваме да се бориме до крај, имам млади надежни сили кој е ја претстават Македонија во иднина, а пролетниот дел како екипно чиста десетка“, смета искусниот тренер.

Кога ги започнувате подготовките за пролетниот дел од сезоната и каде воглавно ќе се подготвувате? Дали сте во план за одигрување на пријателски натпревр и дали имате договорено ?

„Ние секој ден тренинраме, немаме паузи односно прекини. На Водно најубавиот дел, теренот ни е во Пржино и 7 дена во Инекс Горица во Охрид. Ќе одиграме два домашни пријателски натпревар и три надвор од Македонија, доколку имаме услови поради Ковид ситуацијата, инаку се договирени сите пет натпревари“, завршува Мандаров.

Со искусниот тренер Мандаров претходно направивме интервју во коешто разговаравме за формирањето на Втората женска фудбалска лига, како и за предизвиците во Првата лига за актуелната и следната сезона. Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!