ЕУРО 2020Фудбал

Манчини задоволен од тимот: Само една измена за Швајцарија

Италија остави одличен впечаток на премиерата на ЕВРО 2020 против Турција и со голема самодоверба го очекува натпреварот од второто коло во групата А против Швајцарија.

„Азурите“ не само што постигнаа убедлива победа против Турција (3:0), туку уште посилен впечаток остави играта што ја најави сериозната улога на Италија во ова натпреварување. Сепак, има нешто што ја расипува среќата на Манчини. Повредата на стартниот десен бек Алесандро Флоренци, поради која излезе на полувреме, сепак е од посериозна природа.

Мали се шансите играчот на Пари Сен Жермен да биде во конкуренција за Швајцарија, па неговото место може да го заземе Џовани Ди Лоренцо. Во исто време, тоа треба да биде единствената промена во однос на почетниот состав, бидејќи состојбата на Доменико Берарди е добра.

Италија и Швајцарија ќе се сретнат во среда во 21 часот во Рим.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!