ЕУРО 2020Фудбал

Манчини: Никогаш не е лесно на стартот на големо натпреварување

Италија убедливо го отвори Европското првенство, ја победи Турција со 3:0 во Рим и најави дека има големи амбиции на едно големо натпреварување.

Роберто Манчини знае дека патот до финалето е долг, но првиот натпревар ветува.

“Игравме добро, и никогаш не е лесно на стартот, особено кога имате организиран противник. Публиката ни помогна да го одржиме темпото, и мислам дека беше одлучувачко што во секое време имавме идеја топката да оди брзо напред, “рече селекторот на Италијанците.

Демирал си постигна автогол на почетокот на второто полувреме, а триумфот на Италија го потврдија Имобиле и Инсиње.

“Имавме трпеливост во првото полувреме, а продолживме да ја играме нашата игра и во второто. Трите бода се важни”, истакна Имобиле.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!