ЕУРО 2020Фудбал

Манчини: Имаме одличен тим, Италија може да стигне до финалето

Италија го отвора Европското првенство против Турција во вечерва во 21 часот на Олимпискиот стадион во Рим.

Тимот на Роберт Манчини е во одлична форма, нема пораз на 27 последователни натпревари, и ги доби сите десет натпревари во квалификациите за Европското. Но, Манчини во пресрет на почетокот на еврото повикува на претпазливост.

„Првиот натпревар е секогаш најтежок. Мора да се опуштиме и да се ослободиме од притисокот што го имаме како домаќини и тогаш сè ќе биде добро. Турција е полна со талентирани играчи, но за нас тоа е само уште еден натпревар по ред. Имаме одлични играчи и фантастичен тимски дух. Се забавуваме во националниот тим и ќе продолжиме да го правиме тоа. Убеден сум дека имаме се што е потребно за да се пласираме во финалето“, изјави италијанскиот селектор.

Манчини не е без проблеми пред натпреварот. Тој веќе долго време не може да смета на Марко Верати, а Лоренцо Пелегрини се повреди пред мечот со Турција, а на негово место ќе дојде Гаетано Кастровили.

Италија ги игра сите натпревари во Рим. После Турција, Италијанците играат против Швајцарија во среда и четири дена подоцна против Велс.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!