Европски ФудбалФудбал

Манчестер Јунајтед подготвува уште еден голем трансфер

Летно време е и новинарите секогаш се заинтересирани да истражат што ќе се случи на фудбалскиот пазар. Една од последните такви приказни е поврзана со францускиот стопер Рафаел Варан. Французинот треба да стане второто големо засилување на „црвените ѓаволи“, бидејќи Санчо е пред потпис. Манчестер Јунајтед и Борусија постигнаа договор и играчот наскоро ќе стане новиот играч на англискиот великан.

Во следните денови ќе се интензивираат преговорите на релација Манчестер – Мадрид, но извори на „ЕСПН“ уверуваат дека трансферот е многу близу до реализација бидејќи Реал не сака да чека договорот на играчот да истече. Манчестер Јунајтед не сака да ја пропушти оваа можност да има уште еден стопер од светска класа во одбраната покрај Хари Мегваер.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!