Европски ФудбалФудбал

Манчестер Јунајтед и Астон Вила во проблеми со корона вирусот

Астон Вила го откажа тренингот во неделата поради проблем со коронавирус со кој се соочи неполни 24 часа по дуелот со Ливерпул. Во неволја се најде и Манчестер Јунајтед.

Пред натпреварот со Норич, сите играчи и членови на стручниот штаб и помошниот штаб на Манчестер Јунајтед беа негативни на тестирањето, но неполн ден подоцна се појавија голем број позитивни тестови.

Јунајтед го пријавил проблемот во Премиер лигата, а сите кои добиле позитивни тестови во неделата наутро биле испратени дома, а тренингот се одржал во контролирани услови и без контакт.

Во слична ситуација се најде и Астон Вила по гостувањето кај Ливерпул, но Стивен Џерард го откажа тренингот бидејќи беше планирано да тренира во затворен простор.

Викендов поради проблеми со коронавирусот беше одложен натпреварот помеѓу Тотенхем и Брајтон во Премиер лигата, како и дуелот помеѓу Шефилд Јунајтед и Квинс Парк Ренџерс во Чемпионшип.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!