ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Манак: Не бевме комплетни, ниту двата погодоци на Ремзи Усеини не беа доволни за позитивен резултат против Зајази

Велазерими 77 го загуби дербито со Зајази со резултат од 3:2 во рамки на 14. коло од Трета лига – Запад.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Во изјава за Спортска Мрежа шефот на стручниот штаб на Велазерими 77, Давор Манак вели дека екипата не била комплетна, додава дека ниту двата погодоци на Ремзи Усеини не беа доволни за позитивен резултат.

„Денеска бевме изненадени од екипата на Зајази, натпреварот заврши со резултат 3:2 (2:0) за домаќинот. Денеска Велазерими 77 беше ослабен поради повреди недостасуваа дури четири стандарни провотимци Едиз Абди, Шевал Љума, Томи Стојаноски и голгетерот Осман Исмаили поради повреди. Во првото полувреме во еден напад се повреди Мурат Арифи кој помина добро, сепак не можеше да го продолжи натпреварот. Двата ретко видени голови на Ремзи Усеини во второто полувреме не беа доволни за позитивен резултат. И покрај многуте шанси и еден поништен гол кога топката ја поминува гол линијата судиите не го видоа и го продолжија натпреварот. Сепак покрај оваа единствена грешка одлично го досудија натпревар кој беше во границите на ферплеј“, ни изјаи шефот на стручниот штаб на Велазерими 77, Давор Манак.

Велазерими е трет на табелата со 27 бодови, а пак Зајази е место подолу со 25 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!