ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Малеш тренира под снежни услови, втор ден од подготовките, пристигаат нови квалитетни засилувања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Третолигашот Малеш од вчера официјално означи старт на подготовките за пролетната полусезона од Третата лига – Исток.

Фудбалерите на Малеш максимално активно продолжуваат со подготовките, а денешниот тренинг помина под снежни услови. Но, снегот не беше пречка за успешна реализација на денешните тренинг активности кои ги подготви тренерот Дамјан Аврамски.

Претходно, спортски портал Спортска Мрежа прв ги најави најновите засилувања за Малеш, кои веќе се приклучија кон екипата. Станува збор за Филип Гоцевски и Мики Ѓеоргиевски кои доаѓаат од второлигашот Каменица Саса, како и искусниот Миле Димитров од Карбинци. Тројца повратници во екипата на Малеш се Александар Мишовски, Давид Јанчовски и Васко Дујовски.

Спортска Мрежа ексклузивно ги најавува новите квалитетни засилувања кои дополнително ќе го подигнат нивото на клубот кој атакува за прво место и Втора лига – Исток. Новите засилувања во следните денови и официјално ќе ги објавиме. Малеш е меѓу ретките третолигаши кои финансиски се стабилни.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!