ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Малеш со триумф на првиот пријателски меч против Тиверија

Третолигашот Малеш после 15 дена квалитетни подготовки за новата сезона од Трета лига – Исток, денес го одигра првиот пријателски натпревар и на истиот забележа триумф од 0:2 над струмичка Тиверија.

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

Во квалитетна и доминантна игра Малеш забележа висок и сигурен триумф што е резултат на одличните подготовки за новата сезона која треба да стартува на 4. септември.

Ерол Пилов го отвори резултатот за водство на третолигашот од Берово на асистенција на новото засилување Андреј Стојановски од Скопје, додека пак стрелец на вториот гол беше второто засилување Мухамед Исмаили, исто така од Скопје, по асистенција на Пачемски.

Сите 18 фудбалери добија шанса за настап.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!